Наградата важи и за таканаречените ренсомвер-напади, односно за лицата што блокираат пристап до податоци со хакерски напади врз важна американска инфраструктура сè додека не се плати откупот.
Активностите за борба против ваквите напади ќе бидат координирани од специјална работна група формирана од Белата куќа.
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден исто така покрена и веб-страница stopransomware.gov, која нуди јавни ресурси за борба против таа закана и за изградба на поголема издржливост на американската сајбер-инфраструктура, изјави за новинарите висок службеник.
Американските власти вчера исто така одлучија дека Одделот на Министерството за финансии за финансиски криминал треба да соработува со банките, технолошките компании и други за поефикасно да се бори против перењето пари во форма на криптовалути и побрзо следење на приходите од ренсомвер-напади исплатени во виртуелна валута.






