петок, 8 мај 2026

Снег го парализираше Вашингтон, половина милион луѓе без струја во САД (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според официјалните податоци, напаѓале само 17 сантиметри снег, но тоа го отежнува сообраќајот.

Температурите се од -7 до 2 Целзиусови степени.

[video:https://youtu.be/YP2vhcsMgpQ autoplay:0]

Силната снежна бура, која во САД почна во неделата, на југоистокот остави околу половина милион жители без струја, и се движи кон источниот брег, додека Вашингтон и федералните служби полека се затвораат поради невремето.

Американската национална метеоролошка служба издаде предупредување и се предвидува во некои области да паднат до 30 сантиметри снег.

Снегот, според Акју ведер, веќе паднал или се очекува да падне во Балтимор, Филаделфија, Делавер, Мериленд, Њу Џерси и Вирџинија.

Од државната Канцеларија за човечки ресурси соопштија дека сојузните служби ќе бидат затворени сè до четврток. Само работниците во итните служби ќе мора да одат на работа.

[video:https://youtu.be/k5Ic0Oc5BNQ autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ