„Што се однесува на изјавата неодамна објавена на социјалните медиуми во која се величи Адолф Хитлер, сакаме уште еднаш да ја нагласиме историската должност на Германија да го сочува споменот за злосторствата на нацистичкиот режим и да се сеќава на неговите жртви“, порача германската амбасада во Љубљана, додавајќи дека е за пофалба што оваа објава веднаш предизвика реакции и остра осуда од многу словенечки партии и граѓани.
Авторот Урбан Пургар подоцна ја избриша објавата на Твитер, објаснувајќи дека тоа е „провокација“ со која сакал да посочи дека словенечката екстремна левица ги слави словенечките лидери од времето на „тоталитарниот комунизам“, славејќи ги како херои и користејќи ги нивните симболи како црвената ѕвезда.
Според словенечките медиуми, авторот на твитот е член на групата „Румени циркузанти“, која ги вознемируваше демонстрантите за време на демонстрациите против владата и нејзините антиепидемиски мерки, обидувајќи се да ги запре протестите, па специјалната полиција со сила ги одвојуваше од демонстрантите.






