четврток, 7 мај 2026

Словенечката војска повика на доброволен воен рок: „Не фрлај петарди, туку бомби“

Објавено на

часот

Сподели

Така барем би можел злонамерно да се протолкува повикот до младите кои се заинтересирани за доброволно служење во словенечката војска. Маркетинг одделот на министерството за одбрана очигледно многу несмасно го смислил огласот па бизарната двосмислена порака по неколку дена беше повлечена, по оправданите критики кои се појавија во јавноста.

„Не фрлај петарди! Пријави се за доброволно служење војска, запали експлозив и фрли бомба“, гласеше пораката објавена на Фејсбук, која утринава беше тргната од социјалните мрежи.

Да се апелира до граѓаните да активираат експлозив и да фрлаат бомби и така да се ослободат од потребата да фрлаат неопасни петарди е исто како кога децата кои „пукаат“ во компјутерски игри да се повикаат да се посветат на вистинско оружје, наведоа дел од критичарите на социјалните мрежи.

Други додаваат дека самиот гаф ја илустрира милитаризацијата на општеството која се случила во мандатот на министерот за одбрана Матеј Тонин во владата на премиерот Јанез Јанша.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ