петок, 8 мај 2026

Шведска формира агенција за борба против дезинформации пред изборите

Објавено на

часот

Сподели

Задачата на Шведската агенција за психолошка одбрана е да го „одбрани отвореното и демократско општество и слободното мислење со идентификување, анализа и реагирање на несоодветните влијание и другите лажни информации насочени кон Шведска или шведските интереси“.

Општите избори во Шведска ќе се одржат на 11 септември.

Агенцијата, која почна да работи на 1 јануари, има оддели кои „ги идентификуваат, анализираат и реагираат на непримерните информациски влијанија и други лажни информации“ и „го развиваат и јакнат вкупниот капацитет на општеството за психолошка одбрана“.

Како што пренесува Асошиејтед прес, Агенцијата не навела ниедна земја за која се сомнева дека води дезинформациски кампањи.

Агенцијата соопшти дека „ќе им пружа поддршка на населението, агенциите, општините, медиумите, доброволните одбранбени организации и цивилното општество генерално, како и дека ќе работи на зголемување на координацијата меѓу тие играчи“.

Шведската разузнавачка агенција во 2018 година соопшти дека странски сили не спровеле никаква сеопфатна кампања за влијаење врз парламентарните избори. Меѓутоа, додаде дека „странска сила долгорочно влијае врз Шведска“.

Таа агенција пред изборите во 2018 година ги извести пратениците за ризикот и мерките за безбедност, но не наведе конкретна земја.

Во Франција, каде во април ќе бидат одржани претседателски избори, минатата година беше формирана агенција за борба против дезинформациите и лажните вести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ