четврток, 7 мај 2026

Шри Ланка со чај ќе му го исплаќа на Иран долгот за нафта

Објавено на

часот

Сподели

Тој потврди дека неговата влада планира секој месец да испраќа чај во вредност од пет милиони долари во Иран за да го отплати вкупниот долг за иранската нафта, кој изнесува 251 милион долари, пренесе Би-би-си.

Шри Ланка минува низ сериозна должничка и финансиска криза влошена со губењето на приходите од туризмот за време на пандемијата на коронавирусот.

Член на Државниот комитет за чај рече дека ова е првпат чајот да се користи за намирување надворешен долг, а министерката Патирана посочи дека со таков начини на исплата не се прекршуваат санкциите на ОН или САД, бидејќи чајот се третира како храна, може да биде дел од хуманитарна помош и ниту една иранска банка што се најде на црната листа на САД нема да биде вклучена во трансакцијата.

„Се надеваме дека со испраќање чај во вредност од пет милиони долари секој месец, ќе го отплатиме долгот на Иран за купување нафта, кој не е вратен четири години“, изјави Патирана во интервју за Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ