понеделник, 10 ноември 2025

Северна Кореја испука крстосувачки ракети пред посетата на Трамп на Јужна Кореја

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција КЦНА, токму кога американскиот претседател Доналд Трамп и другите лидери се собраа во Јужна Кореја на регионални состаноци.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Крстосувачките ракети биле лансирани вертикално и летале околу два часа по однапред одредена рута за да ја погодат својата цел, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не присутвувал на лансирањето.

Зборувајќи за лансирањето Пак Џонг Чон потпретседател на Централната воена комисија на Северна Кореја, рече дека „се постигнуваат важни успеси во практичниот развој на нуклеарните сили на Северна Кореја“ според планот утврден од владејачката партија во земјата.

Трамп треба да пристигне во јужнокорејскиот град Гјонгџу денес за да им се придружи на другите шефови на држави и бизнис лидери кои присуствуваат на форумот за азиско-пацифичка економска соработка на разни самити и состаноци. Се очекува тој да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг подоцна оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ