петок, 8 мај 2026

Се запали зграда во Филаделфија, 13 мртви. Меѓу загинатите има и 7 деца (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

АФП јавува дека меѓу загинатите има седум деца.

Во пожарот се повредени две лица. Возрасно лице и дете се префрлени во болница во критична состојба и сега се стабилни.

Според информации од полициски извори, се запалила куќа на три ката, која била пренаменета во станбена зграда со неколку станови. Инспекторите сè уште не влегле во зградата, но пожарот е ставен под контрола.

Сè уште не е познато како дошло до пожарот.

Пожарникарите од Филаделфија соопштија дека пожарот избувнал околу 6:40 часот на вториот кат. Кога дошле „огнот избувнувал низ прозорците“, пренесува Си-ен-ен.

На пожарникарите им биле потребни 50 минути да го стават огнот под контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ