среда, 15 април 2026

САД протераа кинески танкер од Ормус, „Ова не е видено од Кубанската криза“

Кинески танкер, кој е под санкции, е запрен во Ормускиот теснец откако американската морнарица го принуди да се врати назад, јави Телеграф.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Танкерот Рич стари, кој превезувал метанол до оманското пристаниште Сохар, нагло го променил курсот откако влегол во Оманскиот Залив, во кој патролираат десетици американски воени бродови. Бродот требаше да стане првиот брод што ќе помине низ теснецот откако Трамп воведе блокада и се закани дека ќе ги „отстрани“ сите ирански бродови што ќе се обидат да го пробијат.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент, вчера изјави дека на кинеските танкери нема да им биде дозволено да поминат низ теснецот, што значи дека „нема да можат да стигнат до својата нафта“. Пекинг претходно во текот на денот ја критикуваше блокадата, нарекувајќи ја „опасна и неодговорна“.

Интересно е што Рич стари бил натоварен во Обединетите Арапски Емирати и не се очекувало да биде опфатен со блокадата, која требало да се однесува само на бродови што ги користат иранските пристаништа. Сепак, и бродот и неговиот кинески сопственик, компанијата Шангај сјуанрун шипинг, се под американкси санкции од 2023 година поради соработување со Иран.

Потегот на Трамп сигнализира дека зазема бескомпромисен став во врска со блокадата и дека е подготвен да му се спротивстави на кинескиот лидер Си Џинпинг пред планираната посета на Пекинг за еден месец.

„Пренасочувањето на Рич стари би ја претставувала најзначајната акција во рамки на блокадата уште откако Кенеди му се спротивстави на Хрушчов за време на Кубанската ракетна криза“, рече Мајкл Рубин, поранешен функционер во Пентагон. Тој додаде дека со тоа, Трамп „ја сменил динамиката на моќ што Си ја воспостави за време на катастрофалниот самит во Анкориџ“ во 2021 година, кога кинески претставници јавно ги критикуваа високите американски претставници.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во вторникот изјави дека потегот „само ќе ги влоши тензиите и ќе го поткопа веќе кревкиот прекин на огнот“ меѓу САД и Иран. „Се работи за опасен и неодговорен потег“, додаде тој.

Во исто време, Саудиска Арабија врши притисок врз САД да ја укинат блокадата, плашејќи се дека Иран би можел да возврати со блокирање на Црвеното Море, парализирајќи ја нејзината економија. Дипломатите од Заливот велат дека престолонаследникот Мохамед бин Салман го повикува Трамп да ја укине поморската блокада на иранските пристаништа и да се врати на преговори.

Загриженоста на Ријад произлегува од стравувањата дека Техеран би можел да одговори на американската блокада со тоа што ќе им наложи на своите сојузници Хутите во Јемен да го затворат теснецот Баб ал-Мандеб, тесно грло во Црвеното Море низ кое минува голем дел од нафтените резерви на Саудиска Арабија.

Централната команда на САД соопшти дека блокадата ќе биде „непристрасно спроведена против бродови од сите нации што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области“. Во првите 24 часа, тврдат тие, од блокадата која ја спроведуваат повеќе од 10.000 американски војници поддржани од 15 воени бродови и десетици авиони, ниту еден брод не можел да помине.

„Шест трговски бродови ги следеа упатствата од американските сили да се свртат и да се вратат во иранско пристаниште во Оманскиот Залив“, се вели во соопштението. Министерот Бесент во вторникот ја критикуваше Кина за нејзиното однесување за време на американско-израелската војна со Иран, што предизвика зголемување на цените на нафтата за околу 50 проценти.

Тој го обвини Пекинг дека е „несигурен глобален партнер“ бидејќи складира нафта, наместо да помогне во ублажувањето на глобалниот недостиг предизвикан од затворањето на Ормускиот теснец од страна на Иран, низ кој минуваат 20 проценти од светската нафта и гас.

Според Си-ен-ен, американските разузнавачки информации покажуваат дека Кина се подготвува да му испорача нови системи за воздушна одбрана на Иран во рок од неколку недели, што би му помогнало на Техеран да се спротивстави на нападите на САД и Израел доколку конфликтите продолжат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ