петок, 8 мај 2026

САД му воведоа нови санкции на Милорад Додик

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, санкции ѝ се воведуваат и на Алтернативна телевизија од Бања Лука поради поврзаност со Милорад Додик, како и на самиот Додик.

Министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ претходно денес го најави објавувањето на санкциите.

Кажа дека постои усогласен став на САД и ЕУ, и дека тоа нема да биде крајот туку станува збор за почетокот на наметнувањето санкции.

Додик, член на Претседателството на БиХ, кажа дека „веројатно ќе има санкции за поединци“.

„Немам намера да барам виза за Америка, па дури и ако утре ми ги укинат санкциите“, кажа Додик.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија побараа во изминатите неколку месеци деблокада на работата на институциите на БиХ, како и да се повлечат понатамошните активности за неуставниот пренос на надлежностите од државата Босна и Херцеговина на ентитетот Република Српска.

Според уставот на БиХ, ентитетите не можат самостојно да ги враќаат надлежностите кои во минатото ѝ се пренесени на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ