сабота, 25 април 2026

САД ќе се вратат во Авганистан, вели висок американски сенатор

Објавено на

часот

Сподели

Високиот американски републикански сенатор Линдзи Греам, во интервју за Би-би-си изјави дека САД ќе се вратат во Авганистан во иднина. Тој рече: „Ќе мораме затоа што заканата (од тероризам) ќе биде многу голема“. По речиси две децении, САД ги повлекоа сите свои војници од Авганистан. Едвај неколку дена подоцна, целата нација падна во рацете на талибанците.

Последните денови од 20-годишната војна на Америка во Авганистан беа обележани со грозничави полетувања на авиони од аеродромот во Кабул за евакуација на десетици илјади Американци и нивните сојузници, кои се плашеа од иднината, со оглед на историјата на репресија на талибанците, особено на жените. Меѓутоа, кога последните американски војници се повлекоа на 30 август, зад себе оставија многумина.

Гледањето на сликите од таа хаотична евакуација, на кои имаше и луѓе што се држеа за авион што полетува, ги дефинираше последните денови од најдолгата војна на Америка, само неколку недели откако талибанските борци во молскавична офанзива ја презедоа земјата.

Од нивното преземање на власта, талибанците се обидуваат да се претстават како различна група од онаа од 1990-тите, кога последен пат владееја со земјата и воведоа репресивни ограничувања низ општеството. На жените и девојчињата им беше ускратена работата и образованието, мажите беа принудени да пуштат брада, а телевизијата и музиката беа забранети.

Сега, светот чека да го види лицето на новата влада, а многу Авганистанци остануваат скептични. Во неделите откако ја презедоа власта, сигналите беа измешани: вработени во владата, вклучително и жени, беа повикани да се вратат на работа, но талибанци од понизок ранг подоцна отпуштија некои жени. Беше наредено да се отворат универзитетите и училиштата, но стравот ги одбива и студентите и наставниците.

Жените мирно демонстрираа, некои дури разговараа за своите права со талибанските водачи. Но некои беа растерани од талибанските специјалци, кои пукаа во воздух.

Некои знаци на нормала, исто така, почнаа да се враќаат. Улиците во Кабул повторно се затрупани, бидејќи талибански борци патролираат со пикап-возила и полициски возила, мавтаат со автоматско оружје и го веат белото талибанско знаме. Училиштата се отворија, а на уличните агли работат менувачи на пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ