САД и Иран постигнаа договор за 60-дневен меморандум за разбирање чија цел е продолжување на сегашниот прекин на огнот и започнување преговори за нуклеарната програма на Иран, пренесува Аксиос.
Сепак, договорот сè уште треба да добие конечно одобрение од американскиот претседател, соопштија американските претставници.
Претседателот им рекол на медијаторите дека сака неколку дена да размисли за тоа, додадоа истите извори.
Според нив, ќе биде укината и американската поморска блокада, но тоа ќе биде условено со продолжување на комерцијалниот поморски сообраќај.
САД се обврзаа дека ќе разговараат за ублажување на санкциите и ослободување на замрзнатите ирански средства како дел од преговорите.
Меморандумот за разбирање, исто така, вклучува воспоставување механизам што ќе му овозможи на Иран да продолжи да прима стока и хуманитарна помош.






