петок, 8 мај 2026

САД: Дел од руската ракета неконтролирано падна во Земјината атмосфера

Објавено на

часот

Сподели

Руските власти ја лансираа ракетата Ангара-А5 во понеделникот на 27 декември од космодромот Плесецк. Како дел од проектот, тие сакаа да тестираат нова горна ракетна фаза, позната како Персеи стартна ракета.

Поголемиот дел од вселенскиот отпад изгорува кога повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата и не претставува опасност за луѓето, но можно е поголеми делови да предизвикаат штета доколку паднат во населени места, пишува Си-ен-ен.

Американската вселенска команда во средата соопшти дека ракетата повторно влегла во атмосферата на Земјата во област над јужниот Тихи Океан, но дека ќе биде многу тешко да се одреди точно каде паднале остатоците.

Холгер Краг, шеф на Канцеларијата за вселенски отпад на Европската вселенска агенција (ЕСА), во средата изјави дека дел од руската ракета влегол во атмосферата со брзина од 7,5 километри во секунда.

„Иако беше многу мала веројатноста ракетата да предизвика штета или да повреди некого, ризикот беше реален и не може да се игнорира“, рече Краг, додавајќи дека делот од ракетата за кој станува збор тежи околу 4 тони и е долг десет метри.

Руската ракетна фаза не требаше на овој начин да влезе во атмосферата на Земјата.

„Требаше да оди во орбитата и таму да остане многу илјадници години“, рече Краг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ