четврток, 23 април 2026

Руските космонаути објавија снимка од ИСС по незгодата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Целата вселенска станица со седум члена на екипажот во четвртокот беше исфрлена од својата нормална траекторија, која се наоѓа на околу 400 километри над Земјата, а експертите наведуваат дека до незгодата дошло поради грешка на компјутерската програма, но можно е да станувало збор и за човечка грешка.

На снимката објавена во неделата наутро се гледа како астронаутите Олег Новицки и Пјотр Дубров ја отвораат вратата на истражувачкиот дел, односно на модулот Наука, во кој се случи незгодата, и ја разгледуваат неговата внатрешност, извести руската вселенска агенција Роскомос.

Според извештајот за незгодата кој го објави НАСА, шефот на мисијата веднаш прогласил вонредна состојба додека експертите на Земјата забрзано работеле на тоа што побрзо да ја вратат стабилноста на истражувачкиот сателит.

Како што објавија Роскомос и НАСА, членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица – двајца руски астронаути, тројца американски и по еден астронаут од Јапонија и Франција – во ниеден момент не биле изложени на директна опасност.

Како што пренесува Ројтерс, руската вселенска агенција Роскосмос, која неделава најави планови за уште еден истражувачки модул во рамки на Меѓународната вселенска станица во ноември, во последно време има повеќе инциденти како и скандали поврзани со корупција. Меѓу другото, за време на изградбата на космодромот Восточни на крајниот исток на земјата изведувачите беа обвинетите за проневерување државни пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ