четврток, 7 мај 2026

Руски борбени авиони пресретнаа американски и француски авиони над Црното Море (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„За да ги идентификуваат воздухопловните мети и да спречат нарушување на границите на Руската Федерација полетаа три ловци Су-27“, соопшти руското министерство за одбрана.

Според Москва, авионите пресретнале и вратиле назад два француски ловци мираж 2000 и рафал, и еден француски авион КЦ-135, како и два американски разузнавачки авиони ЦЛ-600 Артемис и РЦ-135.

Петте летала се свртеле назад, по што руските авиони се вратиле во својата база, наведе руското министерство.

[video:https://youtu.be/cZeFTS_U4QE autoplay:0]

Вчера Москва јави дека пресретнала и одвратила три француски летала над Црното Море.

Односите меѓу Русија и западните земји во последните недели се прилично напнати, поради обвинувањата на Западот дека Москва трупа војници на границата со Украина и подготвува воена операција.

Москва негира дека има какви било воинствени намери и ги обвинува земјите од НАТО дека провоцираат со тоа што, на пример, спроведуваат воени вежби во близина на нејзините граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ