среда, 6 мај 2026

Почина Тед Тарнер, основачот на Си-ен-ен

Тед Тарнер, основачот на новинската мрежа Си-ен-ен (CNN), почина денес, објавија медиумите, повикувајќи се на соопштение на компанијата Тарнер ентерпрајзис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој имаше 87 години, а како што пренесе Ројтерс, причината за смртта не е објавена.

Тарнер во септември 2018 година открил дека страда од деменција, дегенеративно заболување на нервниот систем.

Тој стана милијардер откако го презеде бизнисот со билборди на својот татко, купи телевизиска станица во 1970 година и ја претвори во огромна и пионерска телевизиска група.

Тарнер стана една од најмоќните личности во американските медиуми и забавата, а неговите мрежи се специјализираа за вести, спорт, репризи и стари филмови.

Тој го додаде филмското студио МГМ/УА во своето портфолио пред да го спои својот Тарнер бродкастинг систем со Тајм Ворнер во 1996 година.

Тој ја водеше кабелската мрежа на новата компанија и беше нејзин најголем акционер.

Тарнер стана и еден од водечките светски екологисти, еден од најголемите земјопоседници во Соединетите Американски Држави и голем филантроп, донирајќи милијарда долари на Обединетите нации.

Во 1970-тите, тој беше сопственик на бејзбол тимот Атланта Брејвс и на НБА тимот Атланта Хокс.

Форбс го проценува неговото богатство на 2,8 милијарди долари.

Тарнер се женел и разведувал три пати и имал пет деца. Неговиот трет брак, со Џејн Фонда, траеше десет години и заврши во 2001 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ