среда, 6 мај 2026

Унгарија го вратила запленетото украинско злато и 82 милиони долари, Киев смета дека тоа е добар знак

Унгарија ги вратила парите и златото на украинската Ошадбанка кои беа запленети од унгарските тајни служби во март, објави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија под премиерот Виктор Орбан, кој потоа ги загуби изборите од Петер Маѓар, притвори седум Украинци со околу 82 милиони долари во готовина и злато, под сомнение за перење пари. Украина ја осуди заплената како рекетирање, пишува Ројтерс.

Сите средства и златото се целосно вратени во Украина, рече Зеленски, нагласувајќи дека ова е „конструктивен пристап“ од страна на Унгарија и „цивилизиран чекор“.

„Враќањето на украдениот имот повлекува јасна линија помеѓу беззаконието на режимот на Орбан и конструктивниот пристап на новата влада“, оцени украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалната мрежа Икс.

„Го толкуваме ова како знак на подготвеност на Унгарија да ги подобри нашите односи со меѓусебно почитување и здрав прагматизам, а ние сме подготвени да возвратиме со иста мера“, додаде Сибиха.

Киев конечно ги доби 90-те милијарди евра од Европската Унија откако Орбан ги загуби изборите во април. Украинските власти изразија надеж дека Унгарците ќе усвојат попрагматичен тон во билатералните односи, додава Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ