На состанокот, на кој учествуваа претставници од земјите од регионот, Али, како што информираат од ЦУК, придонел во дискусиите за анализа на функционирањето на оперативните центри за пребарување и спасување во случаи на цивилни воздухопловни несреќи.
Во текот на работните сесии, секоја земја учесничка ги презентирала своите искуства, капацитети и предизвици во управувањето со SAR (Search and Rescue) операции, со посебен фокус на прекуграничната координација, оперативните процедури и унапредувањето на системите за алармирање и реагирање.

Главната цел на состанокот, како што информираат, била унапредување на регионалната соработка и зголемување на ефикасноста во управувањето со итни ситуации, со цел реакцијата при цивилни воздухопловни несреќи да биде што побрза, координирана и ефективна.
Од ЦУК, нагласуваат дека учеството на овој настан ја потврдува посветеноста на нашите институции за зајакнување на националните и регионалните капацитети во областа на управувањето со кризи и воздухопловната безбедност.






