Лазарески требаше да биде еден од македонските скијачи кои ќе настапат на ЗОИ, но во последен момент отпадна поради позитивен допинг тест.
Анти-допинг комисијата на Министерството за спорт сега му изрече суспензија со важност до 29 јануари 2030 година. Четиригодишна суспензија која почнува да важи од 30 јануари оваа година.
„За време на периодот на неподобност, во согласност со член 10.14, од Анти-допинг правилата на Македонската НАДО, на спортистот не му е дозволено да учествува во било кој капацитет и степен на натпреварување или друга активност (освен овластени програми за анти-допинг едукација или програми за рехабилитација) организирани, свикани или овластени од:
Скијачката федерација на Македонија или од кој било орган каде е член или е поврзан или лиценциран од Скијачката федерација на Македонија.
Кое било професионално натпреварување или некоја меѓународна или национална организација за организирање на настани. Почеток на суспензијата е од 30.01.2026 година заклучно до 29.01.2030 година“, стои во одлуката.
Лазарески може да ја обжали одлуката на Арбитражниот суд за спорт во Лозана во рок од 21 ден по известувањето за суспензија.






