Кратовци славеа минимално со 1-0 против охриѓани и со тоа обезбедија место во битката за трофејот. Силекс беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, а клучниот момент се случи во 34. минута кога Дарко Додев реализира пенал за водство. Претходно Ади Алиќ не успеа да погоди од белата точка, откако Серафимов го одбрани неговиот удар.
Во второто полувреме домаќинот создаде уште неколку добри шанси, но резултатот остана непроменет, додека Охрид не успеа посериозно да се закани во обидот да стигне до израмнување.
Во второто полуфинале, Шкендија со 2-0 ја совлада Шкендија Арачиново и со сигурен настап завери пласман во финалето во Купот. Второлигашот долго време одолеваше, но тетовчани го скршија отпорот во самиот финиш. Спахиу во 86. минута погоди со удар од далечина, а само две минути подоцна Нзенгуе ги постави конечните 2-0.
Финалето меѓу Силекс и Шкендија ќе се игра на 20 мај на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а покрај трофејот, влог за кратовци ќе биде и место во Конференциската лига.






