На средбата е истакнато дека Обединетото Кралство претставува важен стратешки партнер и поддржувач на државава, особено во процесите на реформи, зајакнување на демократските институции, економскиот развој, безбедноста и институционалната трансформација.
„Министерот Сали нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027 и Планот за раст за Западен Балкан, како клучни механизми за модернизација на државата, подобрување на јавните услуги и забрзување на конвергенцијата со Европската Унија. Во рамки на дискусијата беше потенцирана важноста од добро владеење, институционална координација, дигитализација, сајбер безбедност, борба против дезинформации, како и развој на политики засновани на резултати и институционална отчетност“, се вели во соопштението.
Соговорниците разговарале и за можностите за продлабочување на економската соработка, инвестициите, инфраструктурните проекти, иновациите и зелената и дигиталната трансформација.
Министерот Сали ја оценил како особено значајна континуираната поддршка од Обединетото Кралство за демократските процеси, институционалното зајакнување и долгорочниот развој на државата, нагласувајќи дека партнерството меѓу двете земји останува засновано на заеднички демократски вредности, владеење на правото и регионална стабилност.






