среда, 6 мај 2026

Трамп: Ќе го добиеме збогатениот ураниум од Иран (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Соединетите Американски Држави ќе го добијат збогатениот ураниум од Иран, во време кога двете земји се обидуваат да се договорат за окончување на војната. „Ќе го добиеме“, им кажа Трамп на новинарите додека ја напушташе Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Една од клучните цели на Трамп за почнување на агресијата врз Иран беше да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Иран има повеќе од 408 килограми високо збогатен ураниум, пишува Ројтерс.

Иран денес соопшти дека разгледува нов предлог на САД откако извори изјавија дека Вашингтон и Техеран се блиску до договор врз основа на меморандум од една страница за завршување на војната. Посложените прашања, како што е нуклеарната програма, ќе бидат оставени за подоцна, откриле изворите.

Иранската новинска агенција ИСНА ги пренесува зборовите на портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи дека Техеран наскоро ќе го достави својот одговор преку Пакистан.

Трамп тврди дека Иран сака да преговара. „Имаме работа со луѓе кои навистина сакаат да постигнат договор. Ќе видиме дали можат да постигнат договор што е задоволителен за нас“, кажа тој на настан во Белата куќа.

Пакистански и друг извор запознаен со преговорите ја потврдија информацијата за меморандумот од 14 точки, првично објавен од американскиот медиум Аксиос. Според изворите, по него ќе следат разговори за деблокирање на пловидбата низ Ормускиот теснец, укинување на американските санкции против Иран и договор за ограничувањата на нуклеарната програма на Иран.

„Многу брзо ќе го завршиме тоа. Блиску сме“, кажал изворот од Пакистан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе разговара со Трамп подоцна денес и дека се согласува со него дека целиот збогатен ураниум мора да се отстрани од Иран за да се спречи развој на нуклеарна бомба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ