„Внимателно ги следиме настаните во братската, соседна земја. Повикуваме на мирно решавање на сите проблеми во рамките на Уставот и законот, како и на дијалог, а не преку улични немири и кршење на законите“, се вели во соопштението, кое го пренесува руската агенција ТАСС.
Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токаев, денеска потпиша указ за прогласување вонредна состојба во Нурсултан, а вонредна состојба е прогласена и во други градови, поради демонстрациите и судирите со полицијата.
Полицијата во конфликтот со демонстрантите во Алмати почна да користи специјални средства, солзавец и шок-бомби.
Протестите почнаа во неделата во провинцијата Мангистау, која произведува нафта во западен Казахстан по укинувањето на прописите со кои се ограничи цената на течниот нафтен гас, популарно гориво за автомобилите, по што цената на горивото се зголеми за повеќе од 100 отсто.






