четврток, 7 мај 2026

Русија до Германија: Никој нема да ја нападне Украина, не драматизирајте

Објавено на

часот

Сподели

Прашањето ја гасоводот „не треба да се драматизира“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков за надворешнополитичкиот магазин Международнаја жизњ денес.

„Никој нема да ја нападне Украина“, истакна тој.

Го обвини Западот дека гасоводот од Русија до Германија се користи како „адут за преговори“ и средство за притисок врз Москва.

Новата германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок кажа дека во случај на руски напад врз Украина ќе се забрани работата на Северен тек 2, кој минува под Балтичкото Море меѓу Русија и Германија.

Таа за ЗДФ истакна дека САД и претходната германска влада разговарале за тоа дека „во случај на понатамошни ескалации овој гасовод повеќе не би можел да биде споен на мрежата“, алудирајќи на ситуацијата на границата меѓу Украина и Русија.

„Ним не им е грижа колку се високи цените на гасот во Европа“, кажа Рјабков мислејќи на Западот. „Спремни се да плаќаат од свој џеб, покажувајќи ја атлантската солидарност во борбата против Москва“.

Со недели извештаите за наводни руски подготовки за инвазија во Украина предизвикуваат тензии во западните земји. ЕУ и НАТО ѝ се заканија на Русија со тешки последици во случај на воена ескалација.

Москва повика на прекин на ширењето на НАТО на исток, што го гледа како закана. Влегувањето на Украина во НАТО и можното поставување ракетни системи во близина на границата на Русија претставува опасност за руската безбедност, порача рускиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ