петок, 8 мај 2026

Редок случај: Јужнокореец побегнал во Северна Кореја, не се знае дали е жив

Објавено на

часот

Сподели

Јужнокорејската војска соопшти дека извршила потрага по бегалецот откако го забележала во 21:20 часот во саботата на источната страна на демилитаризираната зона (ДМЗ), која ја дели демократска од комунистичка Кореја.

„Потврдивме дека лицето ја преминало воената демаркациона линија околу 21 часот и 40 минути и побегнало во Северна Кореја“, соопшти војската, додавајќи дека не може да потврди дали лицето е сè уште живо, но ѝ јавиле на Северна Кореја за бегството и побарале заштита на личноста.

Овој премин се случува во време на строги рестриктивни мерки поради коронавирусот во Северна Кореја. Државата целосно ги затвори своите граници на почетокот на 2020 година и официјално не потврди ниту еден случај на инфекција со коронавирус.

Во септември 2020 година, севернокорејските трупи застрелаа јужнокорејски службеник за рибарство кој исчезнал на море, извинувајќи се подоцна и наведувајќи ги рестриктивните мерки против коронавирусот како причина.

Два месеци претходно, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи вонредна состојба и го затвори пограничниот град откако севернокорејскиот дезертер, за кој тврдеше дека има ковид-19, илегално преминал од Јужна во Северна Кореја.

Долгорочните строги мерки и ограничувања за патување во државите, исто така, го зголемија бројот на бегалци од север кон југ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ