петок, 24 април 2026

Рама: Средновековна хистерија против Бреговиќ

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на полицијата се наведува дека 21-годишниот Редон Лека е уапсен за фрлањето канистер со солзавец додека Бреговиќ настапуваше на пивскиот фестивал во албанскиот град Корча.

Другиот човек бил уапсен кога се обидел да ја спречи полицијата да го одведе Лека.

Бреговиќ не престанал да пее, но солзавецот предизвикал паника меѓу некои гледачи. Присуството на Бреговиќ предизвика национална расправа, а некои го осудија што не истапил против наводните српски злосторства извршени над Албанците во соседно Косово. Други кажаа дека уметниците не треба да се мешаат во политиката.

Албанскиот премиер Еди Рама ја осуди критиката на Бреговиќ како „средновековна хистерија“ кон „еден од најисклучителните музичари на Балканот“.

Рама кажа дека музичарот ништо не кажал против Албанците и дека никогаш не го поддржувал српскиот режим за време на војната.

„Тоа е фашистичка хистерија, срамна за албанското европско граѓанство, за нашата историја и традиција“, напиша Рама на Фејсбук.

Бреговиќ ја посети Албанија во 2006 и одржа концерт, и од Рама, кој тогаш беше градоначалник на Тирана, доби симболичен клуч. Тогаш неговото гостување не предизвика инциденти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ