четврток, 7 мај 2026

Путин: Трансродовите спортисти се како пандемијата на коронавирус

Објавено на

часот

Сподели

Во Соединетите Американски Држави оваа година се усвоени десетина закони за забрана на учеството на трансродовите спортисти на училишни и факултетски натпревари.

Неодамна, трансродовата пливачка Лиа Томас собори рекорди во женски трки на Универзитетот во Пенсилванија, по што ја обвинувале дека наводно се фалела дека не ѝ било тешко да ги собори рекордите. Родителите на останатите пливачки потоа побарале промена на правилата за натпреварување.

„Тоа е како пандемијата на коронавирус“, рече Путин, говорејќи на годишната прес-конференција во Москва.

„Се појавуваат нови соеви, не можеме да избегаме од тоа. Треба да се најдат ефективни контрамерки. Ако некој мисли дека мажите и жените се едно исто, тоа е на нив – но постои здрав разум“, рече Путин.

Путин се осврна на инцидентот што се случи во САД на почетокот на минатата година, кога затвореничка во најголемиот затвор за жени во Илиноис тврдеше дека била силувана од трансродова затвореничка која била префрлена во таа институција една година претходно.

„Мислам дека тоа беше во САД. Ако грешам, не ме осудувајте премногу остро и не се лутете… Еден затвореник се прогласи за жена, служеше казна за силување. Се изјасни како жена и бараше да биде префрлен во женски затвор. Го преместија, а потоа ја силувал својата цимерка во ќелијата. Мора да се има здрав разум во сè“, рече Путин.

„Или спортистите. Мажот се декларира како жена и се натпреварува во кревање тегови, да речеме, или некој друг спорт. Женскиот спорт ќе престане да постои. Мора да постои некаков здрав разум. Го поддржувам традиционалниот пристап, каде што мажот е маж, а жената жена. Мама е мама, а тато е тато“, рече Путин.

Поддржувачите на кампањите против предлог-законите во САД тврдат дека барањето спортистите да се натпреваруваат во родовата категорија што им е доделена при раѓање е дискриминирачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ