„Одговорот може да биде најразличен. Тоа зависи од предлогот што ќе ми го дадат нашите воени експерти“, рече Путин, пренесуваат агенциите.
Тој нагласи дека во исто време Русија ќе се залага за постигнување позитивни резултати во преговорите за тоа прашање.
На годишната прес-конференција на 23 декември Путин нагласи дека натамошното проширување на НАТО на исток е неприфатливо за Москва.
На 17 декември Русија објави нацрт-договори со САД и НАТО, кои вклучуваат непроширување на Алијансата на исток, вклучувајќи ги и поранешните советски републики, како и нераспоредување ракети со среден и долг дострел.






