четврток, 7 мај 2026

Путин и Ердоган разговараа за руските барања од НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека двајцата претседатели „разговарале за мерките за подобрување на врските“ на двете земји.

Кремљ извести дека претседателите „разговарале и за меѓународните теми“, како обврзувачките договори кои би ѝ ја гарантирале безбедноста на Руската Федерација и решавањето на кризите во Сирија и Либија.

Русија на Путин и Турција на Ердоган одржуваат партнерски врски и покрај различните, па дури и ривалски интереси на различни полиња, како Сирија и Либија, каде двете земји се важни фактори.

Русија и Турција без во сенка и при неодамнешниот оружен судир на Кавказот меѓу Азербејџан, каде се зборува турски, и Нагорно Карабах, кој го поддржува Ерменија, каде Русија има воена база.

Врските на Москва и Анкара се влошија неодамна и поради украинската криза откако Путин му префрли на Ердоган дека на украинската војска ѝ доставил беспилотни летала опремени со оружје, а се користат против проруските бунтовници на истокот на Украина.

Додека Западот со недели ѝ префрла за тоа што Русија преместува војници и воена опрема на својата територија, Анкара минатата недела му префрли на Кремљ дека на НАТО му поставува „еднострани барања“.

Турција, која е членка на воениот пакт од 1952 година, во последните години го навлече врз себе гневот на Вашингтон поради тоа што, иако е членка на НАТО, купи руски противвоздушен одбранбен систем С-400.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ