Американските власти го обвинуваат 50-годишниот Асанж, роден во Австралија, по 18 точки во врска со тоа што Викиликс објави големи количества доверливи американски документи и дипломатски преписки, откривајќи злосторства на американската војска низ светот.
Лопез Обрадот кажа дека барал помилување за Асанж во писмо кое му го испратил на Трамп додека бил претседател на САД, но наведе дека Мексико не добило одговор на писмото.
„Тоа беше знак на солидарност, на братство, да му се дозволи азил во земја во која Асанж ќе одлучи да живее, вклучувајќи го Мексико“, кажа Лопез Обрадор.
Како што наведе, доколку би добил азил во Мексико, Асанж не би можел да се меша во работите на други земји и не би претставувал никаква закана, пренесува Ројтерс.
Висок суд во Лондон ја поништи во декември одлуката на понискиот суд дека Асанж не треба да му се предаде на американското правосудство и со тоа отвори пат за негова екстрадиција во САД.






