четврток, 7 мај 2026

Претседателот на Јужна Кореја ja помилува поранешната претседателка

Објавено на

часот

Сподели

Парк стана првата демократски избрана лидерка во Јужна Кореја и беше разрешена од должноста кога Уставниот суд во 2017 година го потврди нејзиното отповикување во парламентот поради скандалот во кој беа затворени и шефови на два конгломерати, вклучително и на Самсунг електроникс.

Парк е осудена на 22 години затвор за корупција и злоупотреба на службената положба. Нејзиниот претходник Ли Мјунг Бак, кој исто така беше затворен поради обвиненија за корупција, не беше помилуван.

„Ја вклучивме поранешната претседателка Парк за да го надминеме несреќното минато, да оствариме единство на народот и да обезбедиме можност за нов чекор напред во иднината“, рече министерката за правда Парк Беом Кје.

Одлуката беше донесена затоа што многу поддржувачи и политичари на конзервативната главна опозициска Партија на народната моќ повикуваа на нејзино помилување воочи претседателските избори во март. Неодамнешните анкети покажуваат дека Ли Јае Мјунг и Јун Сук Јол, претседателските кандидати на владејачката Демократска партија на Мун и Партијата на народна моќ се изедначени.

Пратениците од опозицијата рекоа дека Парк има здравствени проблеми во затворот, вклучително и операција на рамото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ