понеделник, 9 февруари 2026

​Премиерот на Онтарио: Ќе го победиме Трамп, политичарите од Кентаки полудеа (ВИДЕО)

Во светло на најавените царини на американскиот претседател Доналд Трамп за канадските производи, премиерот на Онтарио Даг Форд најави решителни контрамерки за заштита на економските интереси на неговата покраина. Форд рече дека доколку стапат на сила тарифите на Трамп, ќе му нареди на Одборот за контрола на алкохол во Онтарио (ЛКБО), најголемиот купувач на алкохол во светот, да ги отстрани сите американски производи од своите полици.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Форд истакна дека ЛКБО годишно продава американско вино, пиво, алкохолни пијалоци и газирана вода во вредност од речиси 1 милијарда долари и додаде: „Веќе не“.

„Ние не ја започнавме оваа војна со царини, но ќе победиме во неа“, изјави Форд.

Во врска со одлуката да се отстрани целиот американски алкохол од полиците на канадската покраина, тој рече: „Мојот добар пријател, гувернерот на Кентаки полуде. Му реков, разговарај со својот претседател. Мич Меконел, сенаторот од Кентаки, исто така полудел…“, рече Форд, додавајќи дека овие мерки ќе влијаат на американските производители на алкохол.

„Ќе го откажеме Стралинк на Илон Маск“, најави дополнително Форд.

Овие потези доаѓаат како одговор на најавата на Трамп за царини од 25 отсто за канадските производи, што предизвика загриженост за канадската економија и работни места.

Покрај тоа, Форд се закани со други мерки, вклучително и можноста за прекин на снабдувањето со електрична енергија во САД, што може да влијае на 1,5 милион Американци.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, исто така, најави контрамерки, вклучително и наметнување царини од 25% на американски производи во вредност од 155 милијарди долари, почнувајќи од алкохол, козметика и производи од хартија, а подоцна и проширување и на други сектори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ