недела, 19 април 2026

Поради уривањето на остатокот од облакодерот на Флорида прекината потрагата по преживеани (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Екипите се подготвуваат да ја урнат преостанатата конструкција со експлозив. Одлуката за уривање на остатокот од облакодерот Чамплејн тауерс саут беше донесена поради загриженост за безбедноста на локалното население за време на претстојната бура Елза, бидејќи силните ветрови може да ги урнат дополнителните делови од веќе нестабилната конструкција на зградата.

Дел од оваа 12-катница се урна на 24 јуни. Досега официјално е потврдена смртта на 24 лица, додека 121 се водат како исчезнати. Спасувачките екипи досега извлекуваа преживеани во текот на неколкуте часа по уривањето на облакодерот, по што беа наоѓани само тела.

Чарлс Буркет, градоначалник на Сурфсајд, рече дека контролираното рушење на остатокот од зградата може да се случи „веќе во недела“ и треба да заврши за неколку дена, пишува Би-би-си.

„Ќе продолжиме со потрагата и спасувањето веднаш штом ќе добиеме безбеден пристап до урнатините“, рече Даниела Кава Левин, градоначалничка на округот Мајами Дејд.

Засега нема детали за финансискиот надоместок на сопствениците на домовите. Во меѓувреме, официјалните лица ги проверуваат и другите станбени објекти во областа за можни структурни оштетувања.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=ASiScU24bXs autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ