четврток, 23 април 2026

Поради снимка од полициска бруталност на протести во Берлин реагираа ОН (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за снимка на која се гледа како германски полицаец фрла постара жена на земја, која стана вирална на интернет.

Снимката, која наводно е направена за време на протест против карантинот поради ковид-19 во Берлин во неделата, прикажува жена која се обидела да помине покрај полицаец кој ја фаќа за вратот со двете раце и силно ја фрла на земја, пренесува РТ.

На снимката се гледаат и демонстранти кои му се спротивставуваат на полицаецот и се обидуваат да ѝ помогнат на повредената жена, по што неколку полицајци продолжуваат да ги туркаат.

Нилс Мелцер, претседавачот за човекови права на Женевската академија во Швајцарија потврди дека снимката му го привлекла вниманието. Тој побарал изјави од сведоци и детали за тоа дали е „отворена официјална истрага“.

Протестите против затворањето во Берлин станаа насилни откако полицијата се обиде да ги спречи демонстрациите.

Во протестите во неделата учествуваа околу 5.000 Германци, а околу 600 се уапсени.

Има снимки и од други случаи на полициско насилство, полицајци како шутираат демонстранти, ги туркаат, ги прскаат со бибер-спреј.

На една снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како полицијата шутира тинејџер.

Берлинската полиција не објави колку демонстранти се повредени, но соопшти дека 48-годишен маж умрел по приведувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ