четврток, 7 мај 2026

Поради омикрон, нема кој да ги вози авионите: откажани се речиси 7.000 летови низ светот

Објавено на

часот

Сподели

Според веб-страницата Флајтавер, повеќе од 2.800 летови биле откажани во саботата, околу 2.400 во петокот.

До утрово речиси 1.600 летови беа откажани низ светот, а повеќе од речиси 2.000 беа одложени.

Омикрон сè уште не е откриен во Кина, но земјата има и строги ограничувања поради неколку случаи на инфекција со делта, и како резултат на тоа, кинеските авиокомпании ги откажуваат повеќето летови во светот.

Според достапните податоци, 540 летови откажала компанијата Чајна истерн, 267 летови на Ер Чајна, што е четвртина од вкупниот број летови на авиокомпанијата.

Кина спроведува стратегија на нулта толеранција кон коронавирусот, а за само пет дена 13 милиони луѓе беа затворени во градот Сиан, во централниот дел на земјата.

Илјадници летови се откажани низ светот за време на католичкиот божиќен викенд поради брзото ширење на новата варијанта на коронавирусот, а сајтот за следење летови Флајтавер наведува дека речиси 1.000 летови од и до САД биле откажани во саботата, а ден претходно 690.

Компаниите Делта, Јунајтед и Џет блу во петокот објавија дека ширењето на сојот омикрон на коронавирусот предизвикува проблеми со персоналот, што пак води до откажување на летовите.

Европските и австралиските авиокомпании исто така беа принудени да ги откажат своите летови за време на празничната сезона поради истите проблеми и ширењето на коронавирусот.

Над 100 домашни патнички летови се откажани и во Јапонија, но не поради пандемијата, туку поради обилниот снег во северните и западните делови на земјата, соопштија двете најголеми јапонски авиокомпании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ