четврток, 7 мај 2026

Пониска стапка на хоспитализација од заразите со омикрон

Објавено на

часот

Сподели

Авторите на студијата, сепак, тврдат дека тоа веројатно е последица на високиот имунитет на населението.

Најновата студија, спроведена од група научници од Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести (НИЦД) и универзитетите во Витвотерсранд и Квазулу-Натал, се обидела да ја процени сериозноста на болеста со споредување на податоците за сојот на омикрон од октомври и ноември со делта-инфекциите од април до ноември во Јужна Африка.

Авторите откриле дека ризикот од хоспитализација е околу 80 проценти помал за оние што се заразени со омикрон во споредба со оние што се инфицирани со сојот делта, додека оние што се лекуваат во болница имаат 30 проценти помал ризик од тешка болест.

Сепак, тие предупредуваат дека не треба да се избрзува со заклучоците за суштинските карактеристики на омикронот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ