четврток, 7 мај 2026

Полскиот претседател стави вето на контроверзен закон за медиумите

Објавено на

часот

Сподели

Законот, кој неочекувано брзо помина низ парламентот овој месец, ќе ги заостри правилата за странска сопственост на медиумите, што особено ќе влијае на продолжувањето на работата на информативниот канал ТВН24, кој е во сопственост на американската медиумска компанија Дискавери Инк.

„Верувам дека, општо земено, ограничувањето на поседувањето акции во медиумските компании, кога станува збор за странски капитал, е разумно (…) Го делам мислењето дека тоа треба да се воведе во Полска, но во иднина“, рече Дуда.

Предлог-законот и неговите амандмани, објасни претседателот, се однесуваат на субјекти кои се веќе присутни на пазарот, а тука е и прашањето за медиумски плурализам, слободата на говорот.

„Кога ја донесов одлуката, се водев од тие прашања“, изјави Дуда.

Владејачката конзервативна партија Право и правда (ПиС) тврди дека законот има за цел да ги спречи земјите како Русија и Кина да влијаат врз полските медиуми.

ПиС предупредува и дека странските медиумски куќи имаат преголема моќ во земјата и ја искривуваат јавната дебата.

Матичната компанија ТВН24 е ТВН во сопственост на Дискавери, но е регистрирана во Холандија за да се заобиколи одредбата според која инвеститор надвор од Европа не смее да има повеќе од 49 отсто сопственост во полските медиумски куќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ