Тој кажа дека од Шолц, кој во недела ќе ја посети Варшава, ќе побара да не дозволи одобрување на новиот гасовод Северен тек 2, пренесува Ројтерс.
„Ќе апелирам до канцеларот Шолц да не попушти пред притисоците на Русија и да не дозволи Северен тек 2 да се користи како инструмент за уцена на Украина, за уцена на Полска, за уцена на Европската Унија“, кажа тој за време на посетата на Рим.






