четврток, 23 април 2026

Политико: ЕУ заостанува зад Кина и САД во донациите на вакцини

Објавено на

часот

Сподели

ЕУ донирала само 7,9 милиони дози вакцини против ковид-19, што е четири отсто од вкупно 200 милиони кои ги ветија земјите на ЕУ, наведува порталот.

Тоа е значително помалку од 59,8 милиони дози кои веќе ги донирале САД и 24,2 милиони дози колку што донирала Кина.

Податоците доаѓаат од работен документ на Советот на Европа од 2 август.

Документот, како што наведува Политико, се појавил по коментарот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел, кој минатиот петок кажа дека Европа, поради „недоволните испораки“ на вакцини на Африка и Јужна Америка, ризикува да го изгуби влијанието во тие региони и да ги препушти на Кина.

„Експанзијата на Кина во Африка и Јужна Америка би требало да нè загрижи и би требало да сме фокусирани на тоа“, изјави Борел.

Во документот се прикажани купопродажните договори и донациите, а наведени се регионите кои се стратегиски најважни за ЕУ, со многу детални слајдови за вакцините испорачани во Северна Африка, Турција, Балканот и земјите од Источното партнерство.

Слајдовите содржат информации за тоа од каде стигнала испораката, за вакцините на кој произведувач станува збор и колкав процент од населението во тие земји е вакциниран.

Во областа на меѓународната дистрибуција на вакцините, ЕУ е меѓутоа поактивна на планот на извозот, бидејќи испорачала повеќе од 503 милиони вакцини во 51 држава.

ЕУ го наведе и фактот дека ветила 3,4 милијарди евра за механизмот Ковакс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ