Околу 200 пакети кокаин биле запленети викендов во Агадез од службеното возило на градоначалникот на местото Фачи, трговски центар на околу 400 километри од Агадез.
Градоначалникот и неговиот возач се приведени на испрашување во Ниамеј, главниот град на Нигер, а полицијата трага по уште еден осомничен. Во истрагата се вклучени и агенти на Европската унија.
Заплените на дрога стануваат се почести во Западна Африка, што покажува дека континентот стана центар за трговија со дрога меѓу Јужна Америка и Европа.
Во октомври 2021 година, сенегалската морнарица заплени повеќе од два тона кокаин од брод.






