петок, 8 мај 2026

Платнените маски може да не штитат доволно од омикрон

Објавено на

часот

Сподели

Многу експерти за заразни болести забележале дека луѓето ги преферираат платнените маски бидејќи се поудобни и помодерни за користење. Меѓутоа, таквите маски можат да ги блокираат само поголемите капки на ковид-19, но не и помалите аеросоли и честички кои исто така можат да го пренесат вирусот.

Американската клиника Мајо сега бара од сите пациенти и посетители да носат хируршки маски, маски Н95 или КН95, па ако некој се појави со еднослојна маска од платно, преку неа ќе мора да стави и маска со медицински квалитет. Хируршките маски го блокираат ковид со своите карактеристики на електростатичен набој, додека маските Н95 имаат поцврста мрежа влакна, исто со карактеристики на електростатичен набој, што на маската ѝ овозможува да биде најефикасна во блокирањето честички.

Меѓутоа, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и понатаму ги препорачува Н95 маските само за здравствените работници, советувајќи ги луѓето да носат платнени маски со два или повеќе слоја ткаенина кои целосно ги покриваат устата и носот, се лепат за образите и имаат жица за носот за да се спречи истекување воздух од горниот дел на маската.

„Ако сите носат само платнени маски или само хируршки маски, тоа нема да има никакво влијание врз сопирањето на омикрон сојот“, вели д-р Моника Ганди, специјалистка за заразни болести на Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ