Тој рече дека светот има „алатки за ставање крај на пандемијата“, иако бројот на новите случаи во светот достигнува нови рекорди.
Во објава на Линкдин генералниот директор на СЗО предупреди дека пандемијата ќе трае толку подолго колку што ќе продолжи нееднаквоста.
„Две години по почетокот на пандемијата, алатките достапни за борба против ковид-19 сè уште се нерамномерно распределени во делови од светот. Во Африка, три од четири здравствени работници не се вакцинирани, додека луѓето во Европа и во САД добиваат трети дози. Тој јаз ги зголеми шансите да се појават нови соеви, затворајќи нè во циклус на континуирани загуби, тешкотии и ограничувања“, напиша Тедрос.
Тој додаде: „Ако ѝ ставиме крај на нееднаквоста, ќе ѝ ставиме крај на пандемијата и на глобалниот кошмар што сите го доживеавме.“
„А тоа е можно“, рече тој.
Што се однесува на неговите новогодишни одлуки, тој рече дека ќе работи со владите за да ѝ се даде приоритет на испораката на вакцини со глобалните иницијативи, како што се КОВАКС и АВАТ, со цел до средината на 2022 година да се вакцинираат 70 отсто од луѓето во сите земји.






