Откако општина Врачар објави дека е обоен муралот, две момчиња дошле во улицата и почнале да го чистат муралот од бојата.
Набрзо муралот бил вратен во првобитната состојба, пренесува РТС.
Општина Врачар претходно соопшти дека муралот со ликот на Младиќ е отстранет, а потсети и дека решението за отстранување на сликовниот графит од предниот дел на фасадата на објектот било донесено уште на 20 септември.
Муралот на Ратко Младиќ беше повод за протести во Белград на почетокот на минатиот месец.






