четврток, 23 април 2026

Огромен пожар зафати предградие на Атина, луѓето бегаат од куќите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Жителите добија предупредувања од цивилната заштита.

Густи облаци час се надвиваат над грчката престолнина. Жителите на погодените квартови во паника ги напуштаат своите домови.

„Бегаме од пеколот“, му кажа еден жител на телевизискиот репортер.

Пожарот брзо се проширил од блиските шуми во населените области, кажа гувернерот на регионот Јоргос Патулис и ги повика жителите да ја напуштат областа.

Пожарникарите истовремено се борат со пожари и во други делови од земјата.

Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста од големи пожари откако топлотниот бран ја погоди Грција. Температурите во земјата се качуваат над 40 Целзиусови степени.

Во другите делови од Грција пожарникарите се борат со голем пожар на островот Родос, од каде исто така се евакуираа жителите на повеќе општини.

Властите ја предупредија јавноста дека опасноста од избивање на пожари ќе биде многу голема и кога ќе помине топлотниот бран поради големата суша, а метеоролозите најавија силен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ