четврток, 7 мај 2026

Од косовското државјанство се откажале 4.600 лица

Објавено на

часот

Сподели

Функционерите на министерството за внатрешни работи тврдат дека главната причина за откажување од државјанството е забраната за две државјанства во различни земји, главно во Европската Унија.

Бехар Хазирај, висок службеник за медиуми во косовското министерство за внатрешни работи и управа, во изјавата за Радио Косово го објави бројот на оние кои од различни причини се откажале од државјанството.

„Во периодот јануари – ноември 2021 година од државјанството на Република Косово се ослободени вкупно 4.594 лица. Од тоа 2.359 се мажи, а 2.235 се жени. Тоа се статистички податоци до ноември, бидејќи декември не е завршен, немаме податоци за овој месец“, кажа тој.

„Причините поради кои овие луѓе се откажуваат од државјанството на Косово е затоа што многу земји од ЕУ не дозволуваат двојно државјанство, вклучувајќи и некои земји кои не се дел од ЕУ. Бидејќи голем број наши државјани со години живеат во тие земји, а голем број се родени во тие земји и како резултат на тоа стекнале право на државјанство треба да се ослободат од претходното државјанство за да стекнат државјанство на тие земји“, кажа Хазирај.

Од 2017 година до 2020 година од косовското државјанство се откажале 20.113 граѓани на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ