четврток, 7 мај 2026

Објавено кој би можел да биде човекот кој од Јужна Кореја пребегнал на север

Објавено на

часот

Сподели

Јужнокорејскиот воен генералштаб соопшти дека спровел операција на потрага откако во саботата било забележано лице на источната страна на Демилитаризираната зона (ДМЗ) која ги раздвојува двете Кореи.

„Властите претпоставуваат дека лицето е бегалец од Северна Кореја и е во постапка на проверка на фактите“, наведе денес министерството за одбрана.

Функционер на министерството им кажа на новинарите дека мажот, кој има 30-тина години, дошол во Јужна Кореја во ноември 2020.

„Снимките покажаа дека идентично изгледал и бил облечен како лицето кое пребегнало од Северна Кореја во 2020“, кажа функционерот.

Владата во Сеул во овој момент не мисли дека станува збор за шпионажа, додаде тој.

Јужнокорејските медиуми јавија дека гимнастичкото искуство на мажот му помогнало да се прекачи преку оградата, но функционерот кажа дека тоа не е потврдено.

Преминувањето се случи во време на строги рестриктивни мерки поради коронавирусот во Северна Кореја. Таа држава целосно ги затвори границите на почетокот на 2020, а официјално не потврди ниту еден случај на зараза со коронавирусот.

Пјонгјанг во септември 2020 уби јужнокорејски службеник за рибарство кој исчезна на море, извинувајќи се подоцна и како причина наведувајќи ги рестриктивните мерки против вирусот.

Два месеци претходно севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи вонредна состојба и го затвори пограничниот град откако севернокорејски бегалец, за кого тврдеше дека има ковид-19, нелегално преминал од Јужна во Северна Кореја.

Долготрајните строги мерки и ограничувањата за патување во државата го засилија и бројот на преминувања на бегалци од север кон југ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ