Наречена ИХУ, новата варијанта Б.1.640.2 досега има заразено 12 луѓе, кои живеат во југоисточна Франција. Првиот случај бил поврзан со лице што патувало во Камерун, западна Африка, велат истражувачите во објавениот труд.
Сепак, експертите побрзаа да соопштат дека само затоа што е откриена нова варијанта, тоа не мора да значи дека ИХУ ќе се покаже подеднакво заразен како другите соеви, вклучувајќи го и омикрон.
Во анализата авторите пронашле „46 мутации“ што не биле забележани во други земји, ниту пак означени како варијанта истражувана од СЗО, пренесува британски Индипендент.
Геномите биле добиени со напредно секвенционирање. Авторите на трудот тврдат дека лицето што било идентификувано со варијантата ИХУ било целосно вакцинирано. Лицето било позитивно на тестот за ковид по враќањето од тридневно патување во Камерун.
Авторите на истражувачкиот труд рекоа дека „последователното откривање… на три мутации во шилестиот ген при пребарувањето на варијантите… не соодветствува со моделот на варијантата делта, која ја има во скоро сите инфекции САРС-КоВ-2 во тоа време“.
Тврдејќи дека појавата на новата варијанта ја нагласува важноста на „геномскиот надзор“, авторите рекоа дека нивните набљудувања уште еднаш ја покажале „непредвидливоста на појавата на нови варијанти на САРС-КоВ-2“.
Во долгиот пост на Твитер, епидемиологот и соработник на Федерацијата на американските научници Ерик Феигл-Динг рече дека новата варијанта се следи за да се процени колку може да биде заразна или опасна.
2) The mutations have caused “Fourteen amino acid substitutions, and 9 amino acid deletions—which are located in the spike protein.” https://t.co/7HP8HmnaYi
— Eric Feigl-Ding (@DrEricDing) January 3, 2022
„Постојано се откриваат голем број нови варијанти, но тоа не мора да значи дека ќе бидат поопасни.“
„Она што ја прави една варијанта попозната и опасна е нејзината способност да се размножува поради бројот на мутациите што ги има во однос на оригиналниот вирус“.
Тој додаде: „Тогаш таа станува ‘загрижувачка варијанта’ – како омикрон, кој е позаразен и повеќе го избегнува минатиот имунитет. Останува да видиме во која категорија ќе се вброи оваа нова варијанта“.






