среда, 6 мај 2026

Новиот шеф на Интерпол е арапски генерал. ХРВ го обвинува за тортура

Објавено на

часот

Сподели

„Ахмед Насер ал Раиси од Обединетите Арапски Емирати е избран на местото претседател (со мандат од четири години)“, објави Интерпол на својот Твитер профил.

Групите за човекови права, вклучително и Хјуман рајтс воч (ХРВ),  го обвинија Ал-Раиси, главен инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, за тортура и произволно притворање.

Неколку тужби за „тортура“ против Ал Раиси биле поднесени во последните месеци во Франција, каде што е седиштето на Интерпол, и во Турција, земјата домаќин на Генералното собрание.

Групите за човекови права и членовите на Европскиот парламент стравуваат дека глобалната полициска агенција ќе биде изложена на ризик од експлоатација од репресивни режими.

Минатата година ХРВ и други меѓународни групи за човекови права и граѓанско општество испратија писмо до генералниот секретар на Интерпол, Јурген Сток, изразувајќи загриженост за потенцијалниот избор на Раиси.

ХРВ ги наведе „наводите за сериозно злоставување“ под команда на Ал Раиси, „на особено мирни критичари на владините политики“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ