Кај хоспитализираните ситуацијата е уште појасна – израелските официјални лица кажаа дека во октомври бројот на лица постари од 60 години што се во тешка состојба, а добиле две дози вакцина беше петпати поголем од оние што примија и бустер-доза, пренесе Си-ен-ен.
Иако бројот на случаи опадна драстично, од просечните 8.000 дневно на сегашните 450-500 во претходните седум дена, таа разлика и понатаму е забележлива.
Податоците од неделата покажуваат дека тешко заболени што примија две дози вакцина имало четирипати повеќе отколку такви што примија и бустер-доза, наведе израелското Министерство за здравје.






