петок, 8 мај 2026

Научник кој работел на вакцина: Не можеме да ја вакцинираме планетата секои 6 месеци

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме да ја вакцинираме планетата секои четири до шест месеци. Тоа не е одржливо ниту може да се финансира“, кажа професорот Ендрју Полард, директор на Оксфордската група за вакцини и шеф на британскиот Одбор за вакцинирање и имунизација, во интервју за Дејли телеграф.

Полард ја истакна потребата во иднина да се заштитат ранливите групи, наместо со нови дози да се вакцинираат сите постари од 12 години.

Потребни се повеќе податоци за да се утврди дали, кога и колку често на оние кои се ранливи ќе им требаат дополнителни дози, кажа тој.

Тој смета дека се потребни дополнителни докази пред на граѓаните на Британија да им се понуди четврта доза вакцина. Во Британија во тек е вакцинирање со трета доза, која можат да ја примат здрави лица постари од 18 години и ризични лица постари од 16 години.

Во друго интервју објавено исто така денес за Скај њуз, Полард предупреди на нерамномерната достапност на вакцините низ светот.

„Едноставно, без глобална перспектива не е одржливо или исплатливо да им се даде нова доза на сите на планетата секои шест месеци. И запаметете дека до сега помалку од 10 отсто од луѓето во сиромашните земји се вакцинирани со прва доза, така што целата идеја за редовни дози на глобално ниво едноставно не е разумна“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ